Роберт де Ниро се подмлади се помош на технологијата, за новиот филм „Ирецот“

Американскиот актер Роберт де Ниро со помош на технологијата значително го подмлади својот изглед, за потребите на новиот филм под името „Ирецот“. Технологијата ја развила компанијата „ Industrial Light & Magic“, која ја основа Џорџ Лукас.

Во филмот на Netflix, кој се случи под режисерската палка на Мартин Скорсезе, 76-годишниот Де Ниро го глуми Ширан од неговата 34-та година, односно од 1955 до смртта во 2003 година, на 83-годишна возраст.

Соработката меѓу Скорсезе и Де Ниро почнува со филмот „Улиците на злото“ од 1973 година, филм кој ги прослави и двајцата. Тие уште пред 12 години почнале да ја планираат филмската адаптација на книгата „I Heard You Paint Houses“ на Чарлс Бранд.

Покрај Де Ниро гавната улога ќе ја има и Ал Пачино. Филмот е сниман на 117 различни локации, а за негова реализација потрошени биле 160 милиони долари. Премиерата на филмот на „Нетфликс“ се очекува да се случи на 27 ноември. Форшпаонот премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал во Њујорк.

Текстот Роберт де Ниро се подмлади се помош на технологијата, за новиот филм „Ирецот“ е превземен од Reporter.mk.