Род Стујарт на 73 години има осум деца и го издава 30.албум

Род Стујарт кога не е на турнеја, по дома трча по своите две млади деца Ејден и Алистер. На 28 септември му излегува 30. студиски албум, насловен „Крваво црвени рози“, а иако најпознат по роматичните песни, 73-годишниот Стјуарт никогаш не се плашел да допре и социјални проблеми. Така тој Во 1976 година,  ја сними „Убиството на Џорџи: дел еден и два“, посветена на пријател кој бил убиен поради неговата сексуална ориентација. Таа се смета за првата популарна песна во која се зборува за хомосексуалност.

„Тоа беше вистинска приказна и многу е полесно да се пишува за вистина“, изјавил Стјуарт во интервјуто за АП. Тој во интревјуто вели: Никогаш не сум бил по дрогите. Јас сум фудбалски тип на човек. Фудбалот отсекогаш бил мојата најголема страст и денес сè уште играм по малку. И доста вежбам, мора да признам и тоа ме одржува добро подготвен. Колку долго ќе терам? Тоа е прашање за милион долари. Веројатно, сè додека уживам. Сега имам и вкупно осум деца и тоа, исто така, доста ме одржува на нозе.

Текстот Род Стујарт на 73 години има осум деца и го издава 30.албум е превземен од Reporter.mk.