Родителите на Чарли Пин исчезнаа во пожарите во Калифорнија

Американскиот глумец Чарли Шин преку социјалните мрежи ги бара своите родители Џенет и Мартин Шин, кои требаа да бидат евакуирани заради шумските пожари во Калифорнија. Иако знае дека се евакуирани, Чарли не може да ги најде.

„Не можам да стапам во контакт со моите родители Мартин и Џенет Шин. Тие се во групата луѓе кои биле евакуирани во близина на плажата Зума. Ако некој ги види, ве молам контактирајте ме за да се смирам, да знам дека тие се живи и здрави во овој страшен кошмар. Однапред ви благодарам“, напиша глумецот на „Твитер“.

Глумецот Мартин Шин е само дел од познатите што мораа да го напуштат својот дом поради големиот пожар што се уште не е изгасна. Од своите домови се евакуирани преку 200.000 луѓе, а меѓу нив и Орландо Блум, Ким Кардашијан, Лејди Гага, Иги Азалија, Шер и режисерот Гијермо дел Торо.

Текстот Родителите на Чарли Пин исчезнаа во пожарите во Калифорнија е превземен од Reporter.mk.