Родителите никогаш не ѝ простија на Цеца што не завршила факултет

Фолк-пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ вели дека нејзините родители никогаш не ѝ простиле  што не завршила факултет. Цеца вели дека и покрај пружената поддршка, љубов и воспитување, сепак секогаш ќе ѝ замеруваат за тоа што докрај не го завршила образованието.

„Единствено што ми замеруваат е тоа што не успеав да завршам факултет. Така остана до ден денес. Многумина ги споменуваат музичките успеси што ги имам остварено, но тие ќе речат, ете си можела да имаш и диплома на интелектуалец. Постојано ми го говорат тоа“, признала Цеца.

Нејзините родители Слободан и Мира Величковиќ ретко се појавуваат во јавност, но сите имале можност да ги видат на снимките од свадбата на Цеца и Аркан направени во 1995 година.

Текстот Родителите никогаш не ѝ простија на Цеца што не завршила факултет е превземен од Reporter.mk.