Роналдо е лош губитник

Напаѓачот на Јувентус Кристијано Роналдо нема да се појави на свеченоста на доделувањето на „Златна топка“. Португалецот не присуствуваше ниту на доделувањето на наградата на ФИФА „The Best“.

Очигледно играчот на Јувентус нема намера да му честита на Лука Модриќ ниту пак на кој било друг фудбалер за освојување на награда за најдобар играч на светот.

Португалецот за доделувањето на „Златна топка“, беше прикажан во вториот дел, по Салах, Погба и Меси, со што станало јасно дека нема да биде меѓу тројцата финалисти.

Бојкотот на Кристијано Роналдо почна на крајот на август кога Лука Модриќ беше одбран за најдобар фудбалер на Европа.

„Не ме изненади тоа што не дојде“, изјави Модриќ кој во текот на гласањето освои 313 бодови, 90 повеќе од Роналдо, кој според многумина ја бојкотирал церемонијата затоа што не можел да поднесе пораз.

 

Текстот Роналдо е лош губитник е превземен од Reporter.mk.