Роналдо откри зошто го избра Јувентус за нов тим

Кристијано Роналдо со Јувентус се подготвува за нови предизвици кои го чекаат по деветте години поминати во Реал Мадрид.

Можноста за првиот трофеј ќе ја има следната недела и тоа во Саудиска Арабија, каде ќе се игра Суперкупот на Италија.

Пред него, Јуве како освојувач на двојната круна, ќе ги измери силите со минатосезонскиот финалист на Купот, Милан. Роналдо во разговор за Јувентус ТВ, зборуваше за преминот од Мадрид во Торино.

„Чувството е сјајно. Добро е се. Луѓето, стадионот, навивачите, сите се одлични кон мене и тоа ми е драго. Среќен сум“, изјавил Роналдо и одговорил зошто во моментот кога одлучил да си замине од Реал, го избрал Јувентус.

„Ова е сјаен клуб, еден од најголемите во светот. Го следев додека бев дете и се надевав дека еден ден ќе можам да играм тука. Сега ми се укажа можност и ќе играм за овој фантастичен клуб. Не постои точен момент кога ја донесов одлуката за трансфер. Во изминатите неколку години само се среќававме со нив и секога беше посебно чувството да се игра пред нивните навивачи“, изјави Роналдо.

„Овации за ножичките? Ха, важен е секој детал“

Во четвртфиналето од минатозенската Лига на шампиони, Ронадо постигна чуден гол со ножички, по што доби овации од целиот стадион.

„Неверојатно. Се сеќавам на тоа секој ден, тоа никогаш претходно не ми се случило. Тоа не се заборава. Во првиот момент бев изненаден. И пред тоа го симпатизирав Јуве, а сега ги сакам уште повеќе. Нема да кажам дека тоа беше клучниот момент да дојдам овде, но знаете, секој детал си игра своја улога“, изјавил Португалецот и им се обрати на фановите на „старата дама“.

„Морам да им се заблагодарам на сите за енормната поддршка која ја добивам. Мојот приоритет е да дадам се од себе, да бидам професионаел и да се обидам да ги направам соиграчите уште подобри. Тоа ми е работа, уживам и ќе дадам се од себе за Јувентус биде уште подобар“, изјави Роналдо.

По играњето во Премиер лигата и Примера, Роналдо ќе дебатира во Серија А на 34 годишна возраст.

„Што се однесува до мене, се е исто. Моите методи, мојата работна етика и помагање на соиграчите да постигнеме што е можно повеќе голови, ќе останат исти. Серија А ја познавам. Гледав еден куп мечеви на телевизија и се надевам дека брзо ќе се адаптирам“, порача Роналдо за крај.

Текстот Роналдо откри зошто го избра Јувентус за нов тим е превземен од Reporter.mk.