Роналдо признал дека ја силувал Кетрин Мајорга

Германскиот весник „Шпигел“ тврди дека поседува документи во кои Роналдо признава дека во 2009 година во Лас Вегас, Америка, ја силувал Кетрин Мајорга. Откако таа пред неколку месеци го обвини фудбалерот за силување, тој ги отфрли обвинувањата и се закани дека ќе ја тужи за клевета. „Шпигел“, пак објави документ според кој, Роналдо наводно ја признава вина и раскажува што точно се случило таа ноќ во неговата хотелска соба.

Според весникот, адвокатите на Роналдо му испратиле документи во кои тој ги напишал сите детали. Португалецот признал дека ја силувал Мајорга која постојано се обидувала да го запре, и во изјавата напипал дека таа му велела „не“ и „застани“.

„Таа рече дека не е подготвена да има секс, бидејќи штотуку сме се сретнале, но и покрај тоа ме зграпчи за пенисот“, стои во исказот на Роналдо, во во детали раскажал дека откога завршил сексотм Мајорга му рекла дека ја силувал и дека не сакала да има секс со неа, по што фудбалерот ѝ се извинил .

Списанието тврди дека ги има сите преписки меѓу Португалецот и неговите адвокати. Документите се над 40 страници и датираат од летото 2009 година. По најновите пишувања на „Шпигел“ Роналдо не дал изјава во јавноста.

Текстот Роналдо признал дека ја силувал Кетрин Мајорга е превземен од Reporter.mk.