Кристијано Роналдо прифати „Јувентус“ сезонава да му исплати 3,8 милиони евра помалку за да нема откази во клубот. Од дел од својата плата се откажа и капитенот Џорџо Кјелини, но и другите фудбалери и раководството на клубот. На овој начин, никој од вработените во „Јувентус“ нема да добие отказ поради кризата што е предизвикана од пандемијата од новиот коронавирус.
Роналдо годишно заработува 31 милион евра, а со тоа што се откажа од 3,8 милиони евра, ќе може да има тековна исплата на персоналот кај „Старата дама“.
Португалецот неколкупати во изминатиот период ја покажа својата хуманост. Тој и неговиот менаџер, Хорхе Мендеш, донираа голема количина медицинска опрема за болниците во Порто и во Лисабон. Болницата „Санта Клара“ во Лисабон доби 10 кревети со респираторни машини, ЕКГ монитори, пумпи за инфузија и инјекции, а за болницата „Санто Антонио“ во Порто донираа 15 кревети за интензивна нега, респиратори, ЕКГ монитори и останата опрема.
Текстот Роналдо се откажа од 3,8 милиони евра за да нема откази во „Јувентус“ е превземен од Reporter.mk.