Роналдо се откажа од 3,8 милиони евра за да нема откази во „Јувентус“

Кристијано Роналдо прифати „Јувентус“ сезонава да му исплати 3,8 милиони евра помалку за да нема откази во клубот. Од дел од својата плата се откажа и капитенот Џорџо Кјелини, но и другите фудбалери и раководството на клубот. На овој начин, никој од вработените во „Јувентус“ нема да добие отказ поради кризата што е предизвикана од пандемијата од новиот коронавирус.

Роналдо годишно заработува 31 милион евра, а со тоа што се откажа од 3,8 милиони евра, ќе може да има тековна исплата на персоналот кај „Старата дама“.

Португалецот неколкупати во изминатиот период ја покажа својата хуманост. Тој и неговиот менаџер, Хорхе Мендеш, донираа голема количина медицинска опрема за болниците во Порто и во Лисабон. Болницата „Санта Клара“ во Лисабон доби 10 кревети со респираторни машини, ЕКГ монитори, пумпи за инфузија и инјекции, а за болницата „Санто Антонио“ во Порто донираа 15 кревети за интензивна нега, респиратори, ЕКГ монитори и останата опрема.

Текстот Роналдо се откажа од 3,8 милиони евра за да нема откази во „Јувентус“ е превземен од Reporter.mk.