Роузи Хантингтон Вители ја промовираше новата колеација за долен веш

Сопругата на актерот Џејсон Статхам. (50), манекенката Роузи Хантингтон Вители, наскоро ќе излезе со нова колекција на долен веш. Сопругата на актерот кој е познат по акциските филмови, на социјалните мрежи се пофали со црвен градник и гаќи. На тој начин таа ја започна промоцијата на новата линија на долен веш. Ваквата промоција им се допаднала на обожавателите кои во своите коментари напишале дека на неа нема ниту една грешка.

„Твоето тело ми е цел. Ова се одлични фотографии, продолжи со добрата работа“, напишале фановите на Роси.

Тие додалде дека оваа колекција за долен веш била најдобра и најосвежувачка која некогаш ја виделе. Имало и коментари, прашања, за тоа дали некогаш изгледала лошо.

„Џесон е вистински среќник што те има“, истакнал еден фан во коментарите.

Имало и негативни коментари од типот дека манекенката премногу ослабела и дека такво тело имаат девојките во трето одделение во основните школи.

Роси од 2010 година е во врска со Џејсон, а двојката во 2016 година се верила. Манекенката и актерот го имаат синот Џек Оскар (1), кој се родил во јуни минатата година. Британските медиуми неколку месеци по раѓањето на детето тврделе дека двојката се има и венчано, затоа што Роси со вереничкиот прстен носела уште еден кој потсетувал на венчаниот.

Манекенката и актерот ретко говорат за својот приватен живот, а таа изјавила дека Џесон ја смее со неговата ќелавост. Додала и дека тој дел од неговиот изглед, не го гледа како мана.

„Имаме неверојатна врска. Тој има големо влијание во мојот живот“, изјавила Роси. Статхам истакнал дека манекенката е одлична девојка и дека многу се среќни што се заедно. Напоменал и дека јавноста тешко ќе дојде до фотографиите од нивното венчавање, но не открил дали тоа веќе се случило или допрва ќе се случи.

Статхам е познат по улогите во акциските филмови, а редовно се занимава со вежбање, нешто со кое се фали на социјалните мрежи. Вели дека обожава да тренира боречки вештини, затоа што тогаш неговите филмски борби, изгледаат поубедливи. Неговата специјалност е боксот, а се занимава и со џиу џицу спорт во кој има црн појас.