Саманта сака да ја уништи Меган Маркл

Меган Маркл не прекинува да го интригира вниманието на јавноста, откако е објавена нејзината веридба со принцот Хари, а особено интересен бил нејзиниот семеен живот.

По аферата со нејзиниот татко, сега во жижата на јавноста дојде и нејзината сестра Саманта, која планира да ја посрамоти.

Како што пренесуваат британските медиуми, продуцентите од шоуто „Големиот брат“, ја поканиле Саманта во шоуто, каде таа наводно ќе зборува за својата прва книга посветена на сестра ѝ Меган.

Поради тоа што се очекува вистински скандал со кој ќе го посрамоти кралското семејство, на Саманта и се понудени пари за учествување во ријалити шоуто.

Самата вниманието на медиумите го сврте кога нејзината полусестра јавно ја прозвала, изведувајќи го на површина нејзиниот валкан веш, а најмногу со тоа што ја нарекла спонзоруша.