Санса Старк од „Игра на тронови“ ќе стане мајка

Глумицата Софи Тарнер и нејзиниот сопруг, музичарот Џо Џонас, ќе станат родители. Ова е прво дете на Тарнер и Џонас, кои се венчаа лани во Лас Вегас.

Според американските медиуми, тие ја чуваат бременоста во тајност, но се многу среќни поради тоа.

„Сè се чува во тајност, но нивните семејства и пријатели се многу возбудени поради бременоста. Софи промени цела гардероба за да ја прилагоди на своето тело“, рекол извор близок до парот.

Британската актерка стана популарна во светот со улогата на Санса Старк во хит-серијата „Игра на тронови“. Џо, пак, е еден од тројцата браќа од познатата американска група „Џонас брадрс“.

Текстот Санса Старк од „Игра на тронови“ ќе стане мајка е превземен од Reporter.mk.