Сара Џесика Паркер шик и во стилот на Мики Маус

Мики Маус го прослави својот 90. роденден. Сара Џесика Паркер беше дел од посетителите на изложбата во Њујорк, организирана во чест на популарниот анимиран лик на „Дизни“.

53-годишната ѕвезда од „Сексот и градот“ се појави во облека инспирирана од Мики Маус.

На главата носеше венче од колекцијата Disney X Gigi Burris. На изложбата Mickey: The True Original Exhibition беа претставени голем број дела од познати артисти.

Текстот Сара Џесика Паркер шик и во стилот на Мики Маус е превземен од Reporter.mk.