Саша Ковачевиќ нема да им пее на жените на 8. март

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ го откажа концертот во Тузла што требаше да го одржи на 8. март. Причината за откажувањето е коронавирусот и стравот на организаторите од можни заболувања. Веста дека се откажува концертот ја споделија и популарниот пејач и организаторите преку социјалните мрежи. Тие ѝ се извинија на публиката што купила билети, а што нема да може да уживаат во неговите песни.

Концертот на Ковачевиќ е еден од многуте насажтани што се откажани периодов во целиот свет. И во Македонија заради препораката да не се организираат јавни собири, се одложија неколку концерти, театарски претстави, а некои спортски натпревари се играат без публика.

 

Текстот Саша Ковачевиќ нема да им пее на жените на 8. март е превземен од Reporter.mk.