Се омажи Мишел Вилијамс, вдовицата на Хит Леџер

Американската глумица Мишел Вилијамс пред околу еден месец тајно се омажила за рок-пејачот Фил Елверум. На венчавката присуствувале само најблиските на младенците и нивните две ќерки од претходните бракови. И Мишел и Фил се вдовци. Мишел пред една деценија го загуби својот сопруг, оскаровецот Хит Леџер, со кого ја има 12-годишната ќерка Матилда. Сопругата на Фил починала од рак на панкреасот пред две години. Неговата ќерка има три години.

Текстот Се омажи Мишел Вилијамс, вдовицата на Хит Леџер е превземен од Reporter.mk.