Се ожени Јоце Панов

Македонскиот пејач Јоце Панов денес се ожени со својата долгогодишна девојка Марина Начевска. По 10 години врска, пејачот прави свадба, а само пред неколку дена го сними и спотот во кој Марина ја има главната улога, исто така како невеста. Невестата е во фустан со деколте, изработен од чипка, а Јоце, пак, се реши за модерен и елегантен костум.

„Доста е со ергенскиот живот и мене ми дојде време да се врзам, и тоа со онаа која ја засакав уште пред 10 години, за љубовта на мојот живот, за мојата Марина”, вели Панов.

Текстот Се ожени Јоце Панов е превземен од Reporter.mk.