Се појави видео од сообраќајката на Клуни

Безбедносните камери поставени на локалниот пат во Сардинија, Италија, ја снимиле сообраќајната несреќа на холивудскиот глумец Џорџ Клуни. На видеото се гледа како Клуни со својот мотор директно удира во возило што му доаѓа од спротивна насока. По несреќата возачот на возилото излегува да му помогне на Клуни, а потоа глумецот е пренесен во болница.

Лекарите на Клуни му констатирале полесни повреди. Според италијанските медиуми, кои се повикуваат на свои извори во болницата, лекарите рекле дека глумецот имал огромна среќа оти носел заштитен шлем на главата. Клуни ја поминал ноќта во болницата, а денес е пуштен на домашно лекување. Според медиумите, глумецот ќе мора да мирува најмалку 20 дена.

Џорџ пред десетина дена дојде во Италија на летување со сопругата Амал и со своите близнаци. По одморот тој требаше да го почне снимањето на својот нов филм, токму во Италија.