Се разведе грчката невеста

Глумицата Ниа Вардалос, најпозната по филмот „Мојата голема дебала грчка свадба“, поднесе барање за развод од актерот Ијан Гомез по 25 години брак. Во документите за развод, таа навела „непомирливи разлики помеѓу сопружниците“, пренесува „Дејли мејл“.

Глумицата бара заедничко старателство над 11-годишната ќерка Иларија и соодветна алиментација, оти глумците немале предбрачен договор. Во 2008 година Ниа и Ијан открија дека ќе посвојат дете оти Ниа неколкупати имала спонтан абортус, а лекарите ѝ забраниле повторно да остане бремена.

Ниа, освен што е глумица, таа е и сценаристка на двата дела на хитот „Мојата голема дебела грчка свадба“. Ијан, се појави во двата дела од филмот. Глумел во педесетина серии и филмови, а меѓу кои и „Марфи Браун“, „Кугар таун“, „Вовед во Анатомија“, „Мојот живот во урнатини“ и други.