Се сакаат, се оставаат: Свадби и разводи на познатите во 2019

За разлика од лани кога годината што измина ја одбележаа разводите, 2019 година помина во знакот на љубовта. Се провлече по некој развод, но сепак, повеќе имаше свадби одошто разделби….

Фолк- ѕвездата Сузана Спасовска во октомври ја омажи ќерката си Теона. Сузана и најблиските направија направија голам свадба  на која фолк пејачката беше највесела на свадбата. Таа ни раскажа во интревју дека е среќна што Теона се мажи за Витктор од љубов.

Пејачот Александар Белов се ожени со Јелена. Тие правеа свадба во Крагуевац, каде што неколку години живее таму. На свадбата имаше многу гости од Македонија и од Србија. Ги истераа сите обичаи, и српски и македоннски, а Белов ни раскажа дека „не оделе тие по невеста, туку сватовите дошле по него“.

По 13 години брак се разведе Перо Антиќ 

Поранешниот македонскиот кошаркарски репрезентативец и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на земјава, Перо Антиќ, и неговата сопруга Ружица, во јуни се разведоа. Тие беа 13 години во брак и имаат три деца.  Ружица која е основач и главен и одговорен уредник на магазинот „Портрет“, на „Инстаграм“ го промени и презимето.

 

Се ожени ракометарот  Филип Кузмановски

Ракоментниот репрезетативец Филип Кузмановски во октомри се ожени Моника Игнова. Филип и Моника правеа свадба на отворено во Битола. Меѓу гостите на свадбата бил и ракометарот Дејан Манасков, кој е братучед на Моника.

Поранешниот играч на РК Вардар, Илија Абутовиќ стана македонски зет. Абутовиќ, кој сега игра за „Рајн Некар Левен“ од Германија, во јули се ожени со долгогодишната девојка, Сања Стојчевска.

Пратеникот Мухамед Зекири минатиот месец се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска во хотелот Double Tree by Hilton, каде што кум беше премиерот Зоран Заев со неговата сопруга Зорица Заева.

Оваа година се разведоа и Даниел Кајмаковски со Христина Димитриевска, манекенка. Двојката го им синот Давид. По разводот секој си тргна по свој пат. Даниел и се посвети ка кариерата и победи на ТЛЗП, а Кристина пак стана Мис Балканот.

Коки Јанков од „Тајфата“ по четири месеци врска, се ожени со својата девојка Маја. На големо се зборуваше за тајната свадба на Коки и Маја.  Тие биле дечко и девојка предтој  да се ожени со Росана, со која се разделија и имаат ќерка. По  11 години, Коки и Маја пак се сретнаа и се земаа. Потоа се зборувше дека зе разделиле, но тој не го потврди тоа.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска се ожени со долгогодишната девојка Андријана Јакимовска.  Тој летото Андријана ја побара за сопруга во јули за време на нивниот одмор во Порторож, Словенија.

Љупчо (35) и Андријана се по потекло од Крива Паланка. Таму и започнала нивната љубовна призкана. По неколку гоини двојката ја раскинала долгата врска, а Андријана заминала во Словенија. Таа таму работи во меѓународната компанија Интеренерго, со седиште во Љубљана. компанијата се занимава со трговија со електрична енергија.

По неколку години откатао се разделиле, тие случајно се сретнале. Веќе на почетокот на оваа година, во јануари  сфатиле дека повторно се сакаат и ја обновиле врската, раскажуваат нивните блиски.

 

 

Текстот Се сакаат, се оставаат: Свадби и разводи на познатите во 2019 е превземен од Reporter.mk.