Се самоуби вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ

Синот на фолк-пејачот Шабан Шаулиќ, Александар, се самоубил откако си пукал со пушка во главата, пишуваат српските медиуми. Александар е вонбрачен син на Шабан, што го добил по кратката врска со Ана. Мајката никогаш не му кажала на синот кој му е таткото, а Александар тоа го дознал дури по нејзината смрт. Српските медиуми пишуваат и дека Александар бил болен, па дека тоа била причината што се самоубил.

„Никој не знаеше дека има оружје. Тој важеше за добар човек. Беше пронајден во локва крв, како лежи на средина од дневната соба. Никогаш не се ожени и немаше деца. Ја загуби мајка си од мозочен удар и тоа многу тешко му падна, додека неговиот очув е сè уште жив. По неговата смрт, најдовме писмо што му го напишал на неговиот татко, но очигледно стравот и сомнеж го спречиле да го испрати,“ рекол извор близок до Александар за локалните медиуми.

Текстот Се самоуби вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ е превземен од Reporter.mk.