Се уште живеат сеќевањата, 11 години од последниот концерт на Тоше

На денешен ден, пред единаесет години Тоше Проески го одржа својот последен концерт, кој беше хуманитарен и овозможи десетици илјади евра за обновување на училиштата во Македонија. Концертот беше на Градски стадион, кога поп-ѕвездата пред неколку илјадната публика пееше со хуманитарна цел. Десет дена подоцна, тој загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, во Хрватска, а веста беше прифатена со неверување.

Денес, единаесет години подоцна Тоше не е помеѓу нас, но спомените и сеќавањата за концертот и за неговата музика се уште живеат.

Големиот концерт во чест на Тоше Проески, кој беше пролонгиран ќе се одржи на 2 ноември, информира меѓународната фондација „Тодор Проески“. Овој настан е поддржан и од Министерството за култура, кое за неговото организирање издвои 5.000.000 денари.

На концертот ќе биде промовиран и албумот „Secret Place“ со нови, досега необјавени песни од Тоше Проески. „Материјалот се работеше во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше – „The Hardest Thing“, додаваат од фондацијата.

Текстот Се уште живеат сеќевањата, 11 години од последниот концерт на Тоше е превземен од Reporter.mk.