Сека Алексиќ е повторно трудна

Српската пејачка Сека Алексиќ се пофали дека е трудна и дека повторно ќе стане мајка. Како што пишуваат српските медиуми, пејачката е на самиот почеток од бременоста, а веста ги израдувала сите во семејството.

Сека е во брак со Вељко Пилјикиќ и двајцата веќе го имаат синот Јаков. Сека вели дека никогаш не криела колку среќа им донело родителството.

„Па да трудна сум. Бременоста ми е на почеток. Сите сме среќни во семејството. Со божја помош и најдобрата докторка Гоца Ивановиќ, повторно ќе се оствариме во улогата како родители. Нема поубави веси од овие за нас“, изјавила Сека во изјава за српските медиуми.

Сека вели дека засега е рано да се утврди полот на бебето.

 

 

Текстот Сека Алексиќ е повторно трудна е превземен од Reporter.mk.