Сека Алексиќ прослави деветгодишнина со Вељко

Српската пејачка Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко Пиљкиќ се запознале пред девет години. Сека и Вељко вчера ја одбележаа деветгодишнината од нивната љубов, а пејачката тврди дека од првиот момент знаела дека тој е вистинскиот човек за неа.
Кога го запознав и со него започнав врска, првпат почувствував дека можам да живеам со некого до крајот на мојот живот. Бев сигурна во своите чувства затоа што во мене се разбуди нешто што никој не успеал да го разбуди. Маркантан е во секоја смисла на зборот. Покрај него човек не може да остане рамнодушен. Едноставно, се чувствувам сигурно, заштитено, женствено“, раскажа Сека една година по венчавката со Вељко.
Опишувајќи го својот сакан, таа рекла:
„Вељко, иако е две години помлад од мене, тој е многу сериозна, одговорна, педантна и семејна личност. Од друга страна, јас верував во своите чувства и немаше потреба да мислам за тоа што би можело да биде еден ден. Уживаме во секој момент, а нашата љубов и врска ги надградуваме секој ден со разни постапки и како времето минува, сè повеќе сфаќам дека сум ја донела вистинската одлука што се омажив него.
Сека на „Инстаграм“ постави романтичен пост:

„На денешен ден пред 9 години ја запознав својата сродна душа! Го погледнав и си помислив дека ова ќе биде мојот маж. Видете нè сега“, напишала Сека Алексиќ.

Текстот Сека Алексиќ прослави деветгодишнина со Вељко е превземен од Reporter.mk.