„Секогаш ќе ја сакам Мелани“ – Антонио Бандерас прозборе за поранешната жена

Холивудскиот глумец Антонио Бандерас во интервју за американскиот магазин „Пипл“, откри дека секогаш ќе ја сака својата поранешна жена, актерката Мелани Грифит, со која беше во брак 20 години. Тие се разведоа во 2015 година.

„Мелани веќе не е моја жена, но и сега ја сметам за мој најдобар пријател. Ја сакам и ќе ја сакам до смртта! Таа е моето семејство“, рекол Бандерас во интервјуто.

Двојката ја има 23-годишната ќерка Стела. За неа глумецот вели дека го наследила нивниот креативен талент.

„Стела е писателка. Од мала се вљуби во книгите и ужива во случките зад камерите“, рекол Бандерас.

Антонио со девојката Никол Кимпел

Тој раскажал и дека со Мелани заедно ги воспитувал нејзините деца од претходните бракови, ќерката Дакота Џонсон и синот Александер Бауер.

„Секогаш бев тука за нив бидејќи ја сакам нивната мајка и за мене тие беа најважниот нејзин дел. Набрзо и самите го сфатија тоа. Ме викаа Папонио, што е мешавина од ‘татко’ и ‘Антонио’“, рекол Бандерас и додал дека и денес со бившата жена се дружат на семејни прослави, се гледаат за празници и во посебни пригоди.

Популарниот глумец последниве години живее во Лондон со новата девојка Никол Кимпел. За неа вели дека е прекрасна жена со која нашол мир и љубов.

Текстот „Секогаш ќе ја сакам Мелани“ – Антонио Бандерас прозборе за поранешната жена е превземен од Reporter.mk.