Семејството на Шумахер снима документарен филм за возачот

Досега необјавени архивски снимки и сведоштва на семејството на Михаел Шумахер ќе бидат прикажани во првиот докуметарен филм за седумкратниот шампион на Формула 1, наречен „Шумахер“, пишуваат германските медиуми. Документарецот ќе зборува за животот на легендарниот германски возач кој беше тешко повреден на скијање на 29 декември 2013. Семејството првпат јавно ќе раскаже и за несреќата што му предизвика парализа, проблеми со говорот и помнењето, но и за неговото сегашно здравје.

Неговото семејство досега не сакаше да зборува јавно за тоа што се случува со Шумахер по несреќата, но од неодамна се знае дека тој сега се движи со помош на ортопедска количка.

Филмот „Шумахер“ го режираа Германците Михаел Вех и Ханс-Бруно Камертенс, а премиерата е закажана за 5 декември во Германија и Швајцарија.

Шумахер (50) во својата кариера победил во рекордни 91 трка. Од Формула 1 се повлече во 2012 година, со освоени седум шампионски титули.

Текстот Семејството на Шумахер снима документарен филм за возачот е превземен од Reporter.mk.