Серена Вилијамс ќе го напушти тенисот

Серена Вилијамс сака второ дете. Тaa дури и мисли да го напушти спортот и да се концентрира на мајчинството.

“Не сум сигурна дали сакам да играм откако ќе се роди уште едно бебе. Но, за почеток, морам да разговарам за идејата со Алексис. Потребен ни е добар план “, коментираше Серена.

Според неа, ова решение е поврзано со неа и тренинзите, кои ја спречуваат во грижата за нејзината ќерка. Помеѓу 2 и 4 часот таа го дои бебето, а потоа оди во спортската сала.

На прашањето дали се уште ја дои својата ќерка, Серена споделам за InStyle: “Да и како врв на сѐ, ја земам пумпата за гради со мене во соблекувалната, бидејќи моите гради се толку големи. Откако ќе го измолзам мајчиното млеко, тие се намалуваат за една или две големини и тогаш излегувам да играм. Тоа е безумие„

Во 2015 година, Вилијамс ја започна романтичната врска со Алексис Огњан. Во септември минатата година се роди нивната ќерка – Олимпија.

За 35-годишната спортистка и нејзиниот 33-годишен избраник, Олимпија е првото дете. Лани заедно беа на меден месец на Бахамите.