Северина и Борис Новковиќ ги испратија децата во прво одделение

Дел од балканските музички ѕвезди беа дел од многуте родители кои годинава своите деца ги запишаа во прво одделение. Тие беа нивната главна поддршка додека се подготвуваа за новите предизвици што ги носи школската година.

Прваче годинава ќе биде Александар, синот на хрватската пејачка Северина. Друштво во школската клупа веројатно ќе му прави Теса Балабан, најмладото дете на пријателите на пејачката, фудбалерот Бошко Балабан и Ива Радиќ.

„Среќно деца“ напишаа родителите на фотографиите што ги споделија на социјалните мрежи посакувајќи им успешна прва учебна година.

Ива на „Инстаграм“ сподели снимка од својата ќерка, која со песна ја почна првата школска година.

Пејачот Борис Новковиќ исто така беше еден од оние родители кои испраќаа првачиња. Борис постојано беше поддршка за синот Бон, кој го доби во брак со поранешната сопруга Луција.

 

 

Текстот Северина и Борис Новковиќ ги испратија децата во прво одделение е превземен од Reporter.mk.