Северина ќе глуми во филм

Хрватската пејачка Северина начелно  прифатила улога во филмот „Ти си принцеза“, вели српскиот режисер Петар Пашиќ (45). Тој открива дека Северина во мјузиклот ќе ја глуми пејачката Елена.

„Главниот лик е момчето Лука, кој живее и работи во лунапарк и во слободно време пее на улица. Сонот му е да стане пејач. Неговиот идол е некогашната голема ѕвезда Елена, која никој не знае каде се наоѓа“, открива Пашиќ за сценариото што го напишале Катарина Николиќ и Душан Булиќ. Сплетот на околности продолжува, а во приказната ќе се сретнат момчето и пејачката, која ја глуми Северина.

„Не можам да ги откријам сите детали од приказната“, вели режисерот.

Пашиќ открива дека Северина во филмот нема да ги пее своите песни, туку преработки и нови аранжмани од југословенските хитови од осумдесеттите.

Мјузиклот многумина го споредуваат со филмот „Ајде да се сакаме“ со Лепа Брена (57).

Брена во „Ајде да се сакаме“ се играше себеси.

„Ти си принцеза“ е музичка бајка што се случува на неодредено место со измислени ликови“, објаснува режисерот.

Филмот е во фаза на собирање средства. Пари за филмот барал од Филмскиот центар на Србија, но не успеал да ги добие.

„На натпреварувањето требало да минат филмови што заработуваат многу пари, а ако филмот со Северина не е комерцијален, не знам што е“, вели режисерот.

Менаџерот на Северина, Томислав Петровиќ, потврди дека пејачката е запозната за улогата.

„Вистина е дека Северина има понуда од Петар Пашиќ. Тоа е сè што можам да кажам“, вели Петровиќ.

Текстот Северина ќе глуми во филм е превземен од Reporter.mk.