Северина му се закани на Милан со ќотек и силување во затвор

Пејачката Северина Којиќ која со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ го има синот Александар, не сака да го прифати Милан како заеднички старател. Пејачката му упатила и заканувачка порака на Милан велејќи му дека таквите како него обично завршуваат тепани и силувани во затвор.

„Поповиќ и се обрати на Северина преку мејл за да соработува со неа во интерес на детето, кое има здравствени проблеми. Таа не неговиот обид за комуникација му одговори со навредувачка содржина нарекувајќи го психопат кој од Александар ќе направи болесник“, вели близок поранешен пријател на Милан и Северина.

„Ти не си здрав, мораш да се лечиш, не ти е добро, од Александар создаваш психоза. Од мојот син сакаш да направиш болесник. Милан ти си луд човек не знаеш да бидеш родител. Имаш префиден и злосторнички ум, а на крајот испаѓаш глуп. Опседнат си со мене, сакаш да ме видиш по секоја цена, па макар тоа било и на суд. Ти си манијак и психопат затоа што не си здрав. Едноставно ти си мал бедник, нула од човек. Такви бедници кои ова им го прават на своите сопруги и деца ги силуваат во затвор. Ти си човек кој го загадува овој свет. Ти си суштество кое не се развило во човек. Ми се повраќа кога ќе те видам, но тоа е мојот грев. Си мислам во себе, подобро Милан, отколку рак“, вели изворот кој дополни дека по оваа порака Поповиќ се повлекол затоа што не можел да верува дека Северина е подготвена да го понижува до тој степен.

Северина и Милан со години водат битка околу старателството над шестгодишниот син Александар. Судот пред четири години донел одлука дека Поповиќ и Којиќ треба да имаат заедничко старателство над синот.  Северина повеќе пати правела проблеми во комуникацијата, а тоа оваа година го потврди и судот со мислење дека однесувањето на Северина ќе му штети на Александар. Покрај тоа во јавноста испливаа и голите фотографии од пејачката, што го загрози безгрижното детство на малиот Александар, кој веќе е во школска возраст и сега лесно може да стане мета на омаловажувања од страна на врсниците.

Милан Поповиќ ја обвини Северина за фотографиите

Текстот Северина му се закани на Милан со ќотек и силување во затвор е превземен од Reporter.mk.