Северина со години трпи општествено насилство

Собранискиот пратеник во Хрватска од партијата СДП, Бојан Глашевиќ, застана во одбрана на пејачката Северина Којиќ по повод скандалот со објавените фототрафии на кои е разголена.

Глашевиќ на социјалните мрежи напиша дека Северина има претрпено огромна количина колективно насилство врз својата интима.

„Еден и единствен начин на гледање на Северина е како на личност која со години трпи огромни количини колективно насилство врз сопствената интима. Нешто од кое голем број луѓе би се скршиле. Општеството и државата не застанаа во нејзина одбрана и поради тоа нејзината морална сила е поголема“, напиша Глашевиќ.

Текстот Северина со години трпи општествено насилство е превземен од Reporter.mk.