Северина во Штип, главна ѕвезда на “Пастрамајлијада“

Хрватскта пејачка Северина, ќе биде главна ѕвезда на традиционалната штипска „Пастрамајлијада“ која ќе се одржува на  21, 22 и 23 септември. Освен Севрина, на манифестацијата ќе настапат Влатко Стефановски, групата „Ван Гог“, Северина, „Амадеус бенд“ и познати македонски пејачи, рече Кирил Панајотов од Општина Штип на денешната на прес-конференција . .

„Во петок од 21 часот кога ќе биде пресечена џиновската пастрамајлија, музичкиот програмски дел го отвора Кристина Арнаудова-Петровски. По неа настапуваат Влатко Стефановски и Дани Димитровска, а на крајот, околу 23 часот, е белградската група Ван Гог. Втората вечер, во сабота, се отвора со двајца штипјани Зоран Илиев и Јоце Панов, а по нив настапува хрватската ѕвезда Северина. На 23 ти во недела вечерта ја отвора ‘Либеро бенд’. Следуваат настапи на Мирза Селимовиќ и Амаедус бенд, како завршна програмска група“, рече Панајотов.

И штипските угостители биле заинтересирани за поставување штандови, а Општината има поддршка и од бизнисмените.

Генерален покровител на „Пастрамајлијада“ е Скопска пивара.  Општина Штип од својот буџет за манифестацијата одвои 2.500.000 денари, останатиот дел ќе биде покриен од покровители и спонзори. Па севкупно „Пастрамајлијадата“ ќе чини околу 4.500.000 денари.  И оваа година ќе се одржи кај кружниот тек кај Градскиот стадион.

Текстот Северина во Штип, главна ѕвезда на “Пастрамајлијада“ е превземен од Reporter.mk.