Шанел-накит од колекцијата Камелија

Француската куќа „Шанел“ лансирала нови парчиња накит и часовници од колекцијата Камелија.

Новиот накит е претставен со рекламната кампања под името „Over The Moon“. Прекрасниот накит ќе ви понуди чувство како навистина да сте на седмо небо. На крајот, мекиот ремен од часовникот Premiere Velours е навистина женствен и луксузен и е вистинска скапоценост која треба да ја имате. Тројниот прстен може да се носи на еден или два прста – дијамантите од розово злато се блескави, без разлика на околностите.

Во колекцијата ве очекуваат блескави прстени, белезгии и часовници од бело, жолто и розово злато. Секое парче е преплавено со сјајни дијаманти.

Линијата Камелија е инспирира од еден од главните симболи на куќата – како што и само име сугерира, камелијата. Како и многу други предмети кои Габриела Шанел ги позајмила од машката гардероба, така и овој цвет првобитно се користел како декорација на реверите. Сега камелијата е главна муза на накитот. Во бело или жолто злато, во едноставен дизајн без камења или со дијамантски примеси, камелиите се љубовна изјава спрема стилот кој Коко отсекогаш го водела и кој може да се изрази само со еден збор: слобода.

Текстот Шанел-накит од колекцијата Камелија е превземен од Reporter.mk.