Еден од најпознатите актери во поранешна Југославија, Миодраг Петровиќ – Чкаља почина пред 16 години. Тој е роден на 1 април, на меѓународниот ден на шегата. Чкаља често велел дека токму датумот на раѓање е причината што е духовит.
Последните години од животот ги поминал далеку од очите на јавноста, во тага и сиромаштија. Се жалел дека е осамен, дека колегите го напуштиле и тагувал додека ги гледал своите пријатели како умираат. Кога ја добил наградата за животно дело „Цар Константин“, пред присутните го кажал сето она што го тиштело изминатите години:
„Да живеев во Америка и да добиев толку голема награда, би им се заблагодарил на сопругата, на децата, на семејството, на колегите, на режисерите. Ама бидејќи живеам во нашата драга Србија, ќе му се заблагодарам на шефот на маркетот во кој пазарувам што понекогаш одвојува некоја пензионерска коска за мене, на сосетката од маалското дуќанче што понекогаш ми чува литар млеко под тезга, на поштарот што секогаш со задоцнување ми ја носи пензијата. Без нив не би бил тука“.
Тој ја опиша својата сурова реалност во последниот говор, кој го заврши со зборовите: „Ти благодарам, Србијо, ме пушти да глодам коски. Живеам и ќе умрам во мизерија“.
Чкаља ќе остане запаметен по улогите на Јаре, Гвозден, Мите, Благоја, Среќко Напаст и други ликови со кои со години ги засмејуваа луѓето на овие простори.
Почина на 20 октомври 2003 година на 80-годишна возраст.
Текстот Шефот на меркетот ми фрлеше по некоја коска за глодање: Бедата во која живееше Чкаља е превземен од Reporter.mk.