Шерифовиќ се налути, Македонија не ѝ даде ниеден поен на Србија

Поранешната победничка на Евровизија, Марија Шерифовиќ, се налути на македонското жири оти не ѝ даде ниеден поен на српската претставничка Невена Божовиќ. Таа на „Твитер“ кажа дека е незадоволна и рече дека сака да дознае кој се бил дел од жирито.

„Македонија не ѝ даде ниеден бод на Србија? Дали видов добро? Најдете кој е во жирито! Најдете“ напиша Марија.

Шерифовиќ уште во полуфиналето ја поддржа Тамара и ги повика Србите да гласаат за Македонија и за песната Proud.

Пејачката додаде и дека по ова, таа веќе нема да гледа Евровизија. Марија победи на Евросонг во 2007 година во Хелсинки, Финска, со песната „Молитва“.

Српската претставничка Невена Божовиќ, која ја пееше песната „Круна“, вчера заврши на 17 место, со 92 бода. Аранжер на нејзината песна е Дарко Димитров.

Ривалките Цеца и Карлеуша се сложија: Гласајте за Тамара

Текстот Шерифовиќ се налути, Македонија не ѝ даде ниеден поен на Србија е превземен од Reporter.mk.