Шерифовиќ си оди од „Ѕвездите на Гранд“

Следната сезона на „Ѕвездите на Гранд“  најверојатно нема да биде во ист состав. Пејачката Марија Шерифовиќ открила дека е многу уморна од целото шоу и сака да си оди.

„Јас толку многу стрес доживеав и најискрено размислувам ова да биде моја последна година бидејќи сè ми стана напорно и тешко. Оваа година заедно со натпреварувачите почнавме сè да доживуваме емотивно. Се караме едни со други повеќе од што е потребно. Сепак тие се мои колеги и сакам одвреме-навреме да може да се сретнам со нив и да испијам едно кафе“, рекла Шерифовиќ. „Седнав со Саша и му ја соопштив мојата одлука, секако не беше среќен поради ова, па ќе видиме што ќе биде. Се изморив од тоа да  изгледам како непристојна будала во шоуто“, рекла Марија.

Текстот Шерифовиќ си оди од „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.