Шест фудбалери од Ренова и Шкендија позитивни на Ковид-19

Синдикатот на фудбалери на Македонија обави дека шест играчи се заразени со корона. Од нив двајца се од „Шкендија“, а четворица од „Ренова“. Двата клуба се од Тетово. Фудбалерите ќе бидат ставени во карантин, а од Синдикатот најавија дека ќе продолжат со тестирањата и кај другите клубови.

„По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба ФК Ренова и ФК Шкендија имаме позитивни случаи на Ковид-19. Информацијата ја имавме уште доцна синоќа но чекавме повторена анализа. Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани. Имињата на заразените се уредно доставени до клубовите. Позитивните на Ковид-19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин. Утре продолжуваме со тестирање и на другите тимови од првата лига“, стои во соопштението на Синдикатот на фудбалери.

Претходно, беа тестирани фудбалерите и фудбалските работници од Работнички, Брегалница, Академија Пандев и Борец. Таму сите тестирани се негативни.

Текстот Шест фудбалери од Ренова и Шкендија позитивни на Ковид-19 е превземен од Reporter.mk.