Сиа стана мајка

Светската ѕвезда Сиа неодамна стана мајка. Таа во интервју откри дека неодамна посвоила машко дете и дека синот најмногу ѝ го преокупира времето во овој период. Веста дека станала мајка, Сиа ја раскажа во коментар за нејзиниот соработник Дипло, за кој вели дека многу ја привлекува, но дека не може да биде со него заради мајчинството.

„Голем дел од врската со Дипло се состои од обиди да немаме секс за да не ја уништиме нашата бизнис-врска, затоа што тој е супер згоден. Годинава му испратив порака и му реков: ‘Еј, слушај, ти си еден од петте луѓе кои сексуално ме привлекуваат, но сега, откако одлучив да бидам сингл до крајот на животот и само што посвоив син, немам време за врска… Ако си заинтересиран за секс без обврски, побарај ме’“, раскажала Сиа.

Инаку, пејачката, која речиси и да не зборува за приватниот живот, пред неколку дена објаи нова песна која е дел од саундтрекот на новиот филм Dolittle со Роберт Дауни Џуниор.

Текстот Сиа стана мајка е превземен од Reporter.mk.