Сите скандали и секс-афери на Дара Бубамара – Пејачката пишува книга

Фолк-пејачката Дара Бубамара почна да ја пишува автобиографската книга „Моите принципи“. Таа во книгата ќе раскаже се за нејзината кариера долга 30 години, но и за скандалите и секс-аферите што ја следеа низ годините. Идејата да почне да пишува ја добила откако еден француски продуцент ѝ понудил улога во криминатлистички филм, каде што требала да глуми покрај раперите Диџеј Снејк и Биг Али. Иако ја одбила понудата, вели, сфатила дека има да раскаже многу за нејзиниот живот во последните три децении.

„Книгата ќе биде лудило. Ќе пишувам за се што поминав низ животот, за мажите, аферата ‘порно-силки’, дури и за измамата што ми ја намести еден пријател. Веднаш знаев дека насловот ќе биде ‘Моите принципи’, па штом ќе ја прочитате книгата ќе ви биде касно зошто“, рекла Дара за „Курир“.

Пејачката за сега не открива кога ќе биде готова книгата, но вели дека тоа ќе се случи во текот на следната година.

Текстот Сите скандали и секс-афери на Дара Бубамара – Пејачката пишува книга е превземен од Reporter.mk.