Скарлет Јохансон најплатена глумица

Холивудската глумица Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според списанието „Форбс“. Лани 33-годишната Скарлет заработи 40,5 милиони долари, а повеќето од нив се парите добиени за улогата во филмот „Одмаздници“.

На второ место е Анџелина Џоли која заработила 28 милиони долари, а трета е Џенифер Анистон со 19,5 милиони долари. По нив следат  оскаровката Џенифер Лоренс со 18 милиони долари, Рис Витерспун со 16,5 милиони долари, Мила Кунис со 16 милиони, Џулија Робертс со 13 милиони, Кејт Бланшет со 12,5 милиони, Мелиса МекКартни со 12 милиони и Гал Гадот со 10 милиони долари.

Списанието пресмета колку пари заработиле глумиците помеѓу 1 јуни 2017 година – 1 јуни 2018 година.

Текстот Скарлет Јохансон најплатена глумица е превземен од Reporter.mk.