„Со Игор не знаевме дека ќе глумиме пар“, искрено со Васил Зафирчев

„Како првенец на генерација во средното училиште во Велес, моите родители очекуваа дека ќе запишам било кој друг факултет, а не глума. Мене тогаш ме влечеа астрономијата и астрофизиката, но се одлучив за театарот. Родителите ме поддржаа во изборот, иако можеби длабоко во себе не се согласуваа. Сега, доаѓаат на секоја моја претстава, а татко ми ги гледа дури и претставите во кои не глумам“ – вака некако актерот Васил Зафирчев ја почна неговата приказна за театарот и љубовта кон глумата.

Во кариерата, која трае скоро 25 години, одиграл преку 90 улоги, но ликот на харизматичниот готвач Марио во пансионот „Преспав“ го направи еден од омилените и на возрасните и децата. Васил вели дека едвај чека да почнат да ги прикажуваат сериите и да види што снимиле, ама и дека очекува и петта, но и уште многу други сезони.

Од една страна уметноста, од друга страна приватниот живот, особено оној со поп-дивата Калиопи, со која беше во брак, па се разведе, и денес е свесен дека луѓето коментараат за нив сешто.

За тоа, како е да се биде во брак со Калиопи, за балетот кој му е прва љубов, како е да се глуми љубовна двојка со Игор Стојчевски (Тони од „Преспав“), но и за рушењето табуа на телевизија, детството и односот со родителите, кои се предизвиците да се работи во малиот театар „Џинот“ во Велес, наместо да се пресели во Скопје, гледајте го видеото.

Андријана Јовановска 

Текстот „Со Игор не знаевме дека ќе глумиме пар“, искрено со Васил Зафирчев е превземен од Reporter.mk.