Со модринки ме исфрли на улица со двете ќерки, раскажа Амернис Нокшиќи 

Aктерката Амернис Нокшиќи-Јовановска ја раскажа својата прикзна во рамките на кампањата #Слушни ја против насилство врз жените и девојчињата.

„Крајот на ноември за мене отсекогаш беше симбол за една есенска романса. Си отидов од дома и од државата, за таму нему да му бидам се’. Големите ветувања и планови за заедничка среќа се претворија во кошмар, очај и страв. Се најдов исфрлена на улица, јас и моите ќерки.. Останавме без ништо. Завршивме во шелтер за жени и деца, жртви на семејно насилство. Модринките поминаа, но се’ уште печат лузните што тој ги остави во душата. Жал ми е што моите ќерки ќе живеат со траумата дека сите мажи се исти. Затоа што не се, раскажа Нокшиќи.

Ова е всушност вистинската животна приказна на Ѓултен, која ја раскажа позантата актерка. Во рекламниот спот Амернис потсетува дека во темница остануваат уште илијадници приказни недокажани од жени и девојки кои претрпеле родово базирано насилство.

„Нивниот глас и нивната приказна треба да се чуе. Затоа #Слушни ја и приклучи се во кампањата против насилство врз жени и девојчиња“, вели актерката.

Текстот Со модринки ме исфрли на улица со двете ќерки, раскажа Амернис Нокшиќи  е превземен од Reporter.mk.