Со скапа тантела, „Елена Лука“ ќе слави јубилеј

Македонскиот моден бренд „Елена Лука“ годинава прославува 10 години од своето постоење. По тој повод модната компанија на Модната недела во Софија, Бугарија, ќе ја промовира јубилејна колекција „Х“.Таа во колекцијата користи префинети материјали: свила, кадифе, скапа тантела, срма и слично.

„’Елена Лука’ ќе ја промовира колекцијата во рамките на четвртата вечер, на 20 септември, кога според програмата на Модната недела ќе настапат повеќе странски модни брендови. Секоја од креациите во оваа луксузна колекција има уникатно место во раскажувањето на модната приказна на брендот“, вели Елена Пандева, основачот на модниот бренд.

Со симболот „Х“ што се проткајува низ колекцијата во различни форми се потенцира јубилејот на кој, велат, модната куќа е посебно горда.

„Моделите ја прегрнуваат женската различност, па одлучив да ги обединам сите чекори кои ја направија оваа приказна и бренд единствени. Оваа колекција е мост помеѓу она што низ годините досега ја изгради модната куќа во креативна смисла, но и она што допрва ќе следи и што со сигурност ќе ја приближи до нова публика и до нова деценија исткаена со препознатлив дизајн, уметност и префинетост“, вели Пандева.

Текстот Со скапа тантела, „Елена Лука“ ќе слави јубилеј е превземен од Reporter.mk.