Софија Вергара најплатена актерка во светот

Forbes објави нова листа на најплатени телевизиски актери во светот и на првото е актерката Софија Вергара, со заработка од 42.5 милиони долари.

По седми пат Вергара се наоѓа на листата најплатени ТВ актерки, а годинава исто како и минатата, се наоѓа на самиот врв. Освен што е дел од серијата „Modern Family“, со години наназад актерката е заштитно лице на познати козметички брендови, супермаркети, теретани и продавници за мебел.

Заработува и од филмски улоги, од својата агенција за барање таленти како и од многубројни мотивациски говори.

На второто место е Кајли Куоко од „The Big Bang Theory“, со заработка од 24.5 милиони долари. На третото место е Елен Помпео од серијата „Grey’s Anatomy“, со заработка од 23.5 милиони долари.

Меѓу првите пет се и Маришка Харгитеј од Law & Order: SVU, со 13 милиони долари и Џули Бовен од Modern Family со 12.5 милиони долари.

Текстот Софија Вергара најплатена актерка во светот е превземен од Reporter.mk.