Сообраќајката на Лазиќ е наместена, полицијата почна истрага  

Во новиот број магазинот „Свет“ објавува теорија дека собраќајката на пејачот Дарко Лазиќ и не била само несреќна околност. Според она што го пишува магазинот, зад трагедијата стојат луѓе на кои пејачот им должел неколку стотици илјади евра и дека српската полиција има неколку осомничени. Полицијата започнала нова истрага преку која ќе се обиде да ги докаже ови работи.

Пејачот веќе неколку дена се наоѓа во клиничкиот центар во Земун, во које примен откако доживеа тешка собраќајна несреќа. По успешната итна операција во која на пејачот му е извадена слезината и успешно му е запрено внатрешното крварење, состојбата на Дарко е стабилизирана, ама поради целокупната ситуацијаво која се наоѓа ситуацијата и понатаму е критична. Како што пишува „Свет“ на Дарко мора да му се вгради и вештачки колк.

Меѓутоа, докторите за сега не можат ништо да направат околу тоа затоа што е ризично после првата операција веднаш да прават и втора.

Текстот Сообраќајката на Лазиќ е наместена, полицијата почна истрага   е превземен од Reporter.mk.