Сопругата на Алек Болдвин повторно го изгуби бебето

Хилариа, сопругата на глумецот Алек Болдвин, откри дека повторно имала спонтан абортус. Ова е нејзин втор спонтан абортус едно по друго, откако пред седум месеци го изгуби и претходното бебе. Хилариа, која е инструктор по јога, откри дека била на лекар во 20. недела од бремноста кога дознала дека бебето е мртво.

„Тажни сме што мораме да споделиме со вас дека почина нашето бебе. Сакам да знаете, иако сега не сум добро, ќе бидам добро“ напиша сопругата на Алек на сликата на „Инстаграм“ на која е ќерката Кармен (6).

Хилариа и Алек се во брак од 2012 година. Тие имаат четири деца: Кармен (6), Рафаела (4), Леонардо (3) и Ромео (2). Од првиот брак со Ким Бесинџер, Алек ја има ќерката Ајрленд.

 

Текстот Сопругата на Алек Болдвин повторно го изгуби бебето е превземен од Reporter.mk.