Сопругата на Тони Цетински имала мозочен удар, итно пренесена во болница

Сопругата на Тони Цетински, Дубравка, пред пет дена доживеала мозочен удар, пренесуваат хрватските медиуми. На Дубравка ѝ се слошило во семејниот дом во Истра, а пејачот веднаш реагирал и повикал Брза помош. Таа е итно пренесена во болница и во моментов нејзината состојба е стабилна.

„Благодарам на сите мои ангели чувари, медицинскиот персонал на КБЦ Ријека. Она што не не скршува, тоа не зајакнува. П.С.Благодарам на Тони Цетински што ми го спаси животот. Сега сме 1:1“, напиша Дубравка на „Инстаграм“ и објави слика со сопругот од болница.

Дубравка е трета сопруга на Цетински. Двојката се венча лани во Лас Вегас, а потоа направија класична свадба во Винковци и журка за пријателите во Загреб.

Текстот Сопругата на Тони Цетински имала мозочен удар, итно пренесена во болница е превземен од Reporter.mk.