Сопругот на Сторми Даниелс бара развод

Сопругот на американската порно актерка Сторми Даниелс, која тврди дека имала сексуални односи со американскиот претседател Доналд Трамп пред 12 години, поднела барање за развод, соопштил денеска нејзиниот адвокат Мајкл Авенати.

„Мојата клиентка и нејзиниот сопруг Глен, одлучија да стават крај на својот брак. Ќерката на Сторм ќе остане нејзин приоритет број еден. Таа љубезно ги моли сите за приватност за добробит на семејството“, навел Авенати на својот налог на Твитер.

Даниелс чие вистинско име е Стефани Клифорд, се омажила за бубњарот Глендон Крејн во 2015 година, потсетува Ројтерс, повикувајќи се на медиумите.

Крејн, кој исто така работел во сексуалната индустрија, под името Брендон Милер, е третиот сопруг на Даниелс, пренесува Њујорк дејли њуз.

Барањето за развод е поднесено недела дена откако Даниел била уапсена во еден стриптиз клуб во Охајо, затоа што наводно дозволила муштериите да ја допираат на сцената, но потоа е ослободена со кауција од 6000 долари.

Според законот на Охајо забрането е кој било да ги допира девојките танчерки, доколку не се во сродство со нив.

Адвокатот на Даниелс го нарече апсењето „наместено“ и „политички мотивирано“.

Даниелс во судскиот спор со Трамп, тврди дека спиела со сегашниот американски претседател во 2006 година, нешто што тој тоа го негира.

Порно-актерката вели дека и било платено 130.000 долари непосредно пред претседателските избори во 2016 година, за да молчи за наводната врска со Трамп.

Текстот Сопругот на Сторми Даниелс бара развод е превземен од Reporter.mk.