Спотот на Анастасија Ражњатовиќ сниман во Скопје за 20 илјади евра

Анастасија Ражнатовиќ пред месец дена во Скопје го сними спотот за својата прва песна. Во спотот се појавува и манекен од Бразил. Сето ова чинело 20 000 евра.

„Целото сценарио го смисли самата Анастасија, која исто така го напиша и текстот на песната. На неа ѝ требаше поддршка бидејќи спотот е сниман само три дена“, изјави извор за српските медиуми. На музиката на Анастасија работеше Дарко Димитров.