Сребро за Матеј Аларов, момчето со Даунов синдром, на меѓународните Спортски игри во Белград

Матеј Аларов (15) со Скопје, момчето со Даунов синдром, освои освои сребрен медел во пливање во дисциплината 50 метри грбно на Меѓународните спортски игри за лица со инвалидидет „Белград опен 2018“.

Освен Матеј, и Никола Стојановски од Скопје, исто така со Даунов синдром, освои брозен медал во пливање слободен стил. На Меѓународните спортски игри во Белград, кои се одржаа викендов, учествуваа над 700 учесници од двесет земји од светот. Учесниците од Македонија, од Здружението на лицата со посебни потреби „Трисомија 21“, се натпреваруваа во категоријата пливање. Освен спортските игри во Блеград, за две недели заминуваат на спортскиот натпревар во Сараево, каде што повторно ќе ја претставуваат нашата земја. Од „Трисомија 21“ велат дека и од тука очекуваат да се вратат со медали.

Текстот Сребро за Матеј Аларов, момчето со Даунов синдром, на меѓународните Спортски игри во Белград е превземен од Reporter.mk.