Српска манекенка омажена за шеик: Јас сум повампирена Хурем, а маж ми има 100 жени во харемот

Србинката Јелена Бин Драи, стана популарна како „Мис Југославија“. Таа повеќе од десет години живее во Дубаи, каде се омажи за шеикот Саид Бин Драи, чие што богатство се проценува на две милијарди долари. Двојката има и три деца, деветгодишна Асија, едногодишна Хилал и шестгодишна Хамдан. Сепак, со оглед на фактот дека е во брак со шеик, Јелена честопати наидува на бројни навреди и стереотипи, како тоа дека е „сиромашна жена во харем“, за што се осврна во интервјуто за српски „Телеграф“, нарекувајќи се себеси „повампирена Хурем“.

-Да бидам искрена, ако фрлав камен на секое куче што ме лаеше, немаше да стигнам далеку- изјави поранешната мис, сега успешна претприемачка, која исто така се пошегува со коментарите на социјалните мрежи за тоа како живее во харемот.

„ Секако дека живеам во харем. Јас сум повампирена Хурем. Мојот сопруг е Султан Величествениот, тоа веќе го знаете и за среќа има 100 други жени, така што не мора да се бавам со него и да го гледам секој ден во текот на оваа пандемија- раскажа Јелена со смеа за нејзиниот живот во Дубаи.

Потоа додаде : Не сум сигурна за каков успех мислите. На деловниот или затоа што добро се омажив?- се запраша Јелена, која еднаш годишно ја посетува нејзината родна Србија. Со оглед на фактот дека поради тоа што е во брак со муслиман, таа наидува на навреди во Србија, а  Јелена, исто така, шеговито го коментираше тоа.

– Доаѓам во Србија кога ми дозволуваат обврските околу палатата и кога сакам свински уши и опашки, само се надевам дека султанот нема да го прочита ова- вели таа таа.

 

 

 

Текстот Српска манекенка омажена за шеик: Јас сум повампирена Хурем, а маж ми има 100 жени во харемот е превземен од Reporter.mk.